Охрид ја започна законската постапка за избор на в.д градоначалник.
После ненадејната, прерана смрт на градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски Општина Охрид испратила известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата градоначалник на Охрид.
Од општината велат дека со скратени рокови тоа ќе се случи до крајот на годината или почетокот на новата година. В. д градоначалникот ќе се избира исто како претседател на советот. од редовите на советот на општината, ќе го избере мнозинството.
„Таа процедура која може максимално да трае до 60 дена се дава рок. Министерството за локална самоуправа ја известило Владата која треба за 15 дена да ја извести општината да пристапиме кон избор на в.д. Градоначалник“, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски.
Се очекува веќе на следната седница на Влада да се донесе одлука со која ќе се констатира престанокот на мандат и истовремено ќе се иницира постапката за распишување избори за Градоначалник.
Избори за Градоначалник распишува Собранието на Република Македонија кое покрај за Охрид треба да распише избори и за општините Дебар и Ново Село.
Во моментов во општината нема овластен потписник за тековните обврски.
