И понатаму алкохолизирани возачи во Охрид

Во најновата акција на сообраќајците „фатени“ возачи под дејство на алкохол.

Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, СВР Охрид, синоќа и рано утрово, спроведе нова сообраќајна акциска контрола.
-Притоа, во Охрид, контролирани се вкупно 50 возачи, а кај четири возачи на патнички автомобили, констатирано е присуство на алкохол во крвта. Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. Против нив, полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, ќе поднесе соодветни пријави. За време на акциската сообраќајна контрола, полициските службеници регистрирале и вкупно шест други прекршоци поради што, издадени се мандатни платни налози, изјави портпаролот Димоски.
Посебно нагласува дека за време на претстојните празнични денови, СВР Охрид ќе ги интензивира сообраќајните како и останатите контроли на целото подрачје. Целта е подигнување на степенот на сообраќајната безбедност, поголемо почитување на сообраќајните правила и прописи и зачувување на поволната безбедносна состојба.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани