Седум лица се степале на улица во центарот на Охрид.
Утрово во 04 и 30, на улица „Партизанска“ во центарот на Охрид се случила тепачка. Во новогодишната ноќ, силите си ги одмериле две групи со седум лица кои, кога се сретнале,започнале да се караат а потоа и да се тепаат.
Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид, на 01.01.2019 година во 04.30 часот пријавено е дека пред казино на улица “Партизанска” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со тепачка од страна на повеке лица. По преземени мерки констатаирано е дека нарушувањето е извршено од лицата Н.Д.(18) и А.Ј.(52) од едната страна и Х.Л.(18), Д.В.(18), К.ИЛ(18), Д.В.(20) и А.К.(20) од другата страна. На лицата Н.Д. и Х.Л. им е укажана лекарска помош.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, вели дека учесниците во нарушувањето се приведени во полициската станица и дека против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Портпаролот Димоски додава дека на целото подрачје на СВР Охрид новогодишната ноќ поминала без сообраќајни незгоди.
