Фото: Новогодишен базар на ракотворби во Охрид

Новогодишен  базар на ракотоврби во Охрид. За прв годинава се организира ваква манифестација во која  вредните изработувачи на  ракотворби  три денови  ги презентираат своите уникатни дела пред туристите.

 

Странците особено ги привлекуваат рачно изработени производи како накит,украси, слики,  ташни, шалови и други аксесоари.

-„Изработувам ракотворби од бисер, цртам правам украси. И цртам слики и се. Туристите најмногу бараат накит  од сребро во комбинација со други материјали и интересни им се новогодишните украси посебно за Новогодишните празници“ вели изработувач на ракотворби.

-„ Јас се занимава со изработка на производи од кожа. Сите се рачно изработени најмногу ни се бараат бележниците кои се доста автентични исто правиме и работилници, така да веќе и туристите не понзаваат ние пет години тоа го работиме. 02 21 Значајни се овие настани бидејќи ние имаме можност да се презентираме и на друга клиентела која не е секој ден кај нас“, вели еден  од изработувачите на ракотворби.

Новогодишниот базар на ракотворби претставува збогатување на туристичката понуда на градот Охрид. Во иднина се планира да се збогатува и да прерасне во традиција.

-„ Прв пат оваа година се организира во Охрид со занаетчиите односно ракотворителите  кои изразија желба оваа година да нивните уникатни производи да ги презентираат тука кај нас во хотелот „Силекс“ со задоволство прифативме бидејќи тоа е едно дополнување на она онсновна понуда ноќевање, храна музика аособено што производите се автентични охридски“,  вели Тоше Чочороски хотелиер.

Деновиве Охрид е преполн со туристи. Најбројни се гостите од Бугарија, Србија и Црна Гора. Хотелските капацитети резервирани до последно место со тридневни аранжмани.

Новинар Соња Рилковска

Фотографии: 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани