И охридското првороденче во 2019 година ќе добие подароци.
Градоначалникот Константин Георгиевски денес на пладне ќе го посети машкото бебе, кое вчера утрото се роди во охридската болница.
Дваесетгодишната мајка Софија и бебето кое ќе се вика Антонио се чуствуваат одлично.
Антонио се роди со царски рез, тежок 3 600 гр, долг 51 см.
Породилниот зафат го извршија охридските гинеколози Владо Устијаноски и Боро Петрески.
