Љупчо Стојкоси и Дејан Георгиески се наградените полицајци од охридската полиција.
Полициските службеници Љупчо Стојкоси и Дејан Георгиески, од полициската станица Охрид, се меѓу 30-те вработени во различни организациони единици на МВР, кои еднократно се наградени заради остварените забележителни резултати во работењето во текот на изминатата година.
“Чест ми е што како министер за внатрешни работи ja имам можноста да ви оддадам признание за се она што е реализирано изминатиов период, а со особен квалитет и покажана иницијативност во работењето и вршењето на работни задачи во текот на минатата година, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното врачување на решенијата.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски изрази уверување дека сите вработени во МВР ќе продолжат со несмалено темпо на работа.

