Стотици деца едногласно ќе ја пеат песната Вечниот бог, за ова Бадниково утро по шести пат со свеќи во раце, кандила и ѕвезди ќе го наговестат Христовото раѓање во Охрид.
Децата ќе ги поминат централните градски улици а на крајот ќе одат на молитва и Бадникова трпеза во црквата “Света Богородица Каменско”.
На градскиот плоштад ќе добијат подароци од градоначалникот.
Ова е шеста година по ред во Охрид да се организира величествената Бадниковата поворка полна со колендарчиња кои сееат радост низ целиот град. .jpg)
