Нападнат и тешко повреден пожарникар во Охрид

Пожарникарот е тешко повреден,напаѓачот избегал.

Охридската полиција го бара 40 годишниот Ј.К.од Охрид кој претпладнево во пожарната во Охрид тешко повредил пожарникар.Настанот се случил денеска
во 10 часот и 30 минути, во територијалната противпожарна единица во Охрид, каде имало насилство со загрозување на службени лица, извршено од Ј.К.(40) од охридското село Велгошти.
-Тој употребил предмет со кој му нанел тешки телесни повреди на Г.С., вработен во противпожарната служба, по што избегал. Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Димоски нагласи дека  СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани