Комисија на чело со Александар Китески, истакнат член на ВМРО ДПМНЕ ќе ја разгледува исплатата на штети од земјотресите во општина Охрид.
Градоначалникот Константин Георгиски денес одговори на обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ.
Рече нема да коментира дали имало злоупотреба, но затоа формирал дисциплинска комисија која ќе го истражува случајот.
-Формирана е дисциплинска комисија најануари таа има законски рок од дена да изготви извештај а јас дотогаш нема да коментирам. Само уште еден доказ дека јас лугето ги делам на чесни и нечесни на работници и неработници е тоа што за претседател на таа комисија го ставив Александар Китески истакнат член на ВМРО ДПМНЕ, мегутоа човек кој исклучително го ценам и почитувам како совесен работник и професионалец во својата струка и ценам дека најдобро и анјпрфесионално ќе си ја заврши работата како претседател на дисциплинската комисија и сите мерки кои ќе произлезат од заклучокот на таа комисија ќе бидат преземни и сите лица доколку се огрешиле ке бидат изведени пред лицето на правдата“, рече в градоначалникот Константин Горгиески.
