Горно Лакочереј 10 денови без вода

Жители на Горно Лакочереј се јавија во редакцијата на Охриднет со поплаки од  јавното претрпијатие „Проаква“

 

Тврдат дека десет денови немаат вода во  селскиот водовод. Секојдневно се јавувале во „Проаква“ , но наместо решение добивале шеговити одговори.

-„Кој век сме ние надвор да одиме на маалски бунари по вода? Две недели е состојбата ваква. Прво се јавувавме во „проаква“  ни велеа ќе видиме, го запишуваа проблемот, а потоа почнаа да бијат шега со наа – „топете снег ете ви вода“, одговараа со потсмев.  Од вчера веќе ни телефон не ни креваат. Ни остава да апелираме преку Вас медиумите.  Апелираме до локалната власт да преземи мерки! , вели читателка на Охриднет во телефонскиот разговор. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани