Денес во детската градинака “Јасна Ристеска“, клонот “Билјана“, вршителот на должноста градоначалник Константин Георгиески, присуствуваше на предавањето на донацијата од ЈП “Билјанини Извори“ за дечињата кои престојуваат во овој објект.
Во своето обраќање, Георгиески посочи дека образованието од школска и претшколска возраст, како стожер на едно здраво општество мора да биде во фокусот на секоја власт и радува фактот што сеуште постојат луѓе кои сакаат да помогнат на други.

