Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, оствари средба со директорот на ЦУК, Агрон Буџаку.
Тема на разговор беше проектот што ЦУК го имплементира, а тоа е единствен телефонски број за итни случаи. Тоа значи дека МВР, брза помош и територијалната против пожарна единица ќе се повикуваат од еден број – 112.

