Утре е закажана јавна расправа за предлог Законот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.
Утрешната расправа, доаѓа по презентацијата, што лани во декември на собраниска комисија беше реализирана околу управувањето со Охридскиот регион и состојбите со природното и културното наследство.На утрешната расправа, учество ќе земат м-р Билјана Прентоска, генерален секретар на Националаната комисија за УНЕСКО при Министерство за култура, Христијан Ѓеорѓиевски од Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија и Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање и м-р Зоран Павлов-претседателот на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Според извештајот, во изминатиот период се работело на Ревизија- подготовка на нов Закон за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, Ревизија на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и Стратегиска оцена за влијанието на животната средина за План за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2018-2027).
