НП Галичица ќе се финансира од Фондот за природа PONT

НП Галичица денес официјално започна соработка со Фондот за природа Преспа Охрид PONT. Во Јавната установа денеска беше потпишан договор  меѓу НП Галичица и  PONT. 

 

Фондот финансиски ќе го поддржува тековното работење на Националниот парк и заштитата на природата. 

-Станува збор за иновативен пристап во поглед на финансирањето  и управувањето со заштитетните подрачја. За прв пат во земјава се остварува соработка со фондација  која дава финансиска поддршка на тековното работење на јавната установа. Ваквата соработка е постигната благодарение на позитивните резултати од работата на јавната устанва НП Галичица.Стратегјата, визијата и вредностите по кои се раководи НП Галичица доведоа до партнерство со Фондот за природа, кои ќе не поддржува низ нашите тековни активности во 2019 година а се надевам дека соработката ќе продолжи и понатаму“, истакна директорот на НП Галичица Васко Паскали.

 

Јавната установа ќе се трансформира наместо да се финансира преку искористување на  ресурсите во паркот  најчесто преку  сеча на дрва ќе се финансира  од средства од туристички и алтернативни активности, а ќе се финансира преку заштита на природата. 

ПОНТ преку германската КФВ банка обезбеди грант во вредност од 147 000 евра  за заштита на природата. 

-„НП Галичица е прва јавна установа со ваков проект и треба да биде пример за сите останати во земјава“, велат претставниците од Фондот. 

 

Согласно на договорот тие средства се наменети за тековната работа на паркот во 2019 година. 

-„Помошта која ја добиваме од КФВ банка соодветно сме ја употребиле и искористиле во минатото и достигнавме ние да бидеме  пример модел за останатите зашштитени подрачја во Р Македонија за посакуваната трансформација за оддржливо управување со Националниот парк. Нема веќе сеча  продажба на дрва туку само со финансиска поддршка на ПОНТ и дел од средтсва прибрани од туризам (влезници од посетители во паркот), сакаме да направиме трансформација односно полека да го напуштиме дирекното користење на дрвата. да не не нарекуваат „Шумско сотпанство“ , вели Андон Бојаџи носител на проектот. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани