ФОТО: Подновен возниот парк на ЈП „Охридски Комуналец“

Возниот парк на ЈП „Охридски Комуналец“ од денес побогат за седум нови возила. 

Охрид доби  цистерна за миење на улиците, едно 20 кубично возило за собирање отпад во централното подрачје, две осумкубични возила, наменети за собирање помала количина отпад од контенјерите, , две трикубични возила за стариот дел од градот и еден трактор на кој ќе може да се стави соларка и нож за чистење на снег.

Новите возила набавени преку  кредитна линија од Светска банка, ќе ја зголемат ефикасноста на јавното претпријатие. 

– „Ваквиот пристап на локалната самоуправа докажува дека работиме во интерес на граѓаните и јавните претпријатија. На наредната седница овие средства ќе му бидат доделени на користење на претпријатието. Со овие возила ЈП „Охридски комуналец“ значително го зголмеува својот капацитет, а со тоа и услужноста кон граѓаните.Овие модернизации се неопходни и се надеван ваквите инвестиции ќе продолжат и во иднина“, истакна в.д градоначалникот Константин Георгиески.

– „Досега многу голема беше ставката за набавка на резервни делови на старата механизација.Благодарност до локалната самоуправа, особено до покојниот градоначалник Јован Стојаноски од чија страна беше покрената постапката за набавката на овие возила“,  истакна Љупчо Грданоски директор на ЈП „Охридски Комуналец“.

Фотографии: 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани