Пукање во средното училиште ЕМУЦ Свети Наум Охридски.
Неофицијално ученик пукал во соученици на училиште. Според првичните информации со пиштол плашливец ученик од трета година пукал во соученици а потоа се пукал и самиот. Пукањето настанало заради кавга. Според очевидците имало и повредени. Полицијата врши увид на лице место а интервенирала и Брзата помош. Наставата била прекината, а учениците видно вознемирени се испратени дома.
Од СВР Охрид го потврдија случајот.
-„Б.З. се здобил со повреди и е пренесен во Медицински центар Охрид, но нее во животна опасност“, изјави за Охриднет портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
