Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4. февруари 2019 година (понеделник), во манастирот„Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „ Св.ап. Тимотеј“ (именден на Митрополит Тимотеј).
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј
