Активистите обвинуваат за лоши услови во стационарот на Мауцкер

Низа обвинувања за несоодветни услови во стационарот на Мауцкер. Активистите гласно говорат за нехумани услови во стационарот, што официјално не е започнат со работа. 

-„Од старт почнаа да смрдат нештава околу прифатилишниот центар во Охрид, а се ветуваше професионален и пред сѐ човечен пристап. Алармирано е до АХВ веќе, ова е дрско прекршување на законите (нема регистриран прифатилиштен центар и нема исполнување на условите од Правилникот за прифатилишта, да не зборувам за ужасниот однос на „шинтерот“). Иначе оставени беа на цименто, без грам храна и вода и без чинии, но ние љубителиве на животни им ставивме слама и за храната и водата се грижиме. Македонијо, зарем толку е тешко прави луѓе (непартиски полтрони) на прави места во право време на функции да поставиш? И зарем толку ти е тешко законите да не бидат мртво слово на хартија?,  напиша  активистот Климент Арнаудов. 

Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски за Охриднет појаснува дека стационарот се уште не е почнат со работа. 

-„Група активисти побараа волонтерски да се грижат за група кучиња, Ние им дозволивме и им обезбедивме храна. Оваа недела ќе биде распишан тендерот за избор на ветеринарна служба. Ние планираме да отвориме едно работно место за активист, кој очекуваме со своето волонтерско искуство да ни помогне околу грижата за кучињата“, вели директорот Грданоски. 

На овие видеа направени од страна на активистот Климент Арнаудов се гледа како изгледа стационарот во Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани