Заев вети реконструкција на кејот и изградба на марина во Охрид

Реконструкција на градскиот кеј, рехабилитација на колекторксиот систем, развој на туризмот и изградба на патишта меѓу приоритетните проекти на Владата за градот Охрид.

 Премиерот Зоран Заев на трибината „Силна економија – шанса за сите“,што во петокот се одржа во Охрид,  информира дека приоритет ќе биде целосна реконструкција на колекторскиот систем, зафат што чини околу 4 милиони евра.

Премиерот нагласи дека меѓу приоритетите за наредниот период е и целосната реконструкција на градскиот кеј, проект кој ќе се реализира со средства од ЕУ преку Светска банка, а дел и со пари од државниот буџет.

-„Насочени сме кон туристичкиот развој и целта е да се обезбеди доходовен туризам. Да има поквалитетна понуда за да дојдат гости со поголема платежна моќ, во чија насока се и напорите за изградба на марина која ќе привлече и малку побогати гости, рече Заев.
Заев напомна дека се работи и на подобрување на водоснабдувањето на селата во поранешната Коселска општина и во Охрид, со користење на Свињишките извори, со што трајно би се подобрило водоснабдувањето на целиот регион со 150 до 200 литри во секунда гравитациона вода“, рече Заев. 

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, најави дека во април ќе почне долгонајавуваната реконструкција на улицата Абас Емин. Информира дека изградбата на автопатот Кичево-Охрид ќе заврши во предвидениот рок, а со почетокот на градежната сезона, кон крајот на февруари, ќе продолжи реконструкцијата на патот Подмоље- Охрид во должина од 8,5 километри.

На прашањето во врска со „Градиште“ Заев  кажа дека е оформена централна комисија за денационализација да го реши проблемот кој датира уште од 2001 година за конечно да заврши голготата на барателите на имот бидејќи  луѓето се заглавени во лавиринтите и потрошија многу пари. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани