Кога Српската Православна Црква го поканила Рускиот Патријарх Алексеј Први, тој одбил да слета во Белград, сакал и слетал во Охрид.
На 25 мај 1962 година прво што сторил по слетувањето на аеродромот во Охрид, Рускиот Патријарх Алексеј Први клекнал, ја бакнал земјата и рекол “Дојдов во вториот словенски Ерусалим!“

Потоа, на света архиерејска литургија во македонската црква “Света Богородица Каменско“ во Охрид, заедно чиноначалствувале тројцата поглавари: Рускиот Патријарх Алексеј Први, Српскиот Патријарх Герман и Македонскиот Архиепископ Доситеј.
Инаку во православната јавност во Русија, Охрид се доживува во вистинското светло. Како свето место, од каде што потекнува нивниот јазик, религија и култура, пренесува Инфомакс.
Охрид со право ги добил епитетите: свет град, градот на Господ, втора Света Гора, Балкански Ерусалим, градот со 365 цркви, рајот на земјата….
