Сообраќајка кај „Буково“

Два камиони и еден автомобил се судриле кај „Буково“  а еден е повреден.

Утрово околу 7 часот, на планинскиот превој „Буково“ се случила тешка сообраќајна незгода во која еден маж е, за среќа, полесно повреден. Во сообраќајката учествувале два камиони и еден автомобил. Повредениот бил возач на автомобилот, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид,ја потврди сообраќајната незгода помеѓу две товарни моторни возила и еден патнички автомобил и кажа дека, во тек е увид поради што сообраќајот на патниот правец се одвива наизменично по една коловозна лента. Димоски, повеќе информации најави во текот на денот, по завршување на увидот.

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани