Дваесет и пет годишна девојка од Охрид починала на КАРИЛ од компликации од грип.
Тоа е втор смртен случај, откако претходно и 5 годишно девојче почина на клиниката за детски болести. И двете починати имале и други заболувања, велат лекарите.
„И двата случаи се со коморбидитет. За детето утврдивме дека имало астма а девојката на КАРИЛ што почина била со Даунов синдром. Починале поради тешко оштетување на белите дробови и црниот дроб“ – изјави за 24 вести д-р Жарко Караџовски, епидемиолог во Институтот за јавно здравје.
За една недела над 1 700 лица биле заболени од грип, а во лаборатијата на ИЈЗ најмногу потврдени случаи има од АХ1Н1, односно свински грип.
Епидемиолозите очекуваат бројката и натаму да се зголемува, особено помеѓу школската популација, бидејќи колективниот престој овозоможува побрзо ширење на вирусите.Најмногу заболени се регистрирани во Гостивар, Тетово и Скопје. Епидемиолозите тврдат дека лекот Тамифлу кој се користи како терапија за зболените го има во дооволни количини.
Лекарите советуваат на поголемо внимание во поглед на превентивната заштита.
