Brussels Airlines ќе лета до Охрид

Во јуни отпочнуваат директните авио летови на Белгискиот авиопревозник Brussels Airlines до Охрид.

Белгискиот авиопревозник Brussels Airlines кој од 17-ти јуни оваа година ќе лета до Охрид, на својата официјална веб страна го промовира Охрид како „еден од оние градови што никогаш не се забораваат“. Инаку, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТРМ), од 4-ти до 6-ти февруари ги претстави Македонските туристичките потенцијали на Интернационалниот саем за туризам во Брисел „Salon des Vacances“.
Инаку, во пораст е бројот на туристи од Белгија кои доаѓаат во Охрид и Македонија. Во 2018-та година во споредба со 2017-та година, растот на белгиски туристи во Република Македонија во период јануари-ноември е зголемен за 33%, додека бројот на остварени ноќевања бележи раст од 25 отсто.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани