Започна и годинешниот циклус на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА- ПХВ).
.jpg)
Одржана беше првата работилница на 05.02.2019 (вторник), каде новиот „рој“ младинци се запознаа со работата и историјата на Црвениот крст. Следуваат уште две работилници од кои тие ќе бидат обучени да излезат на терен и да ги започнат нивните Мали проекти кои прават Големи промени во нашата заедница.
.jpg)
Програмата ПХВ-ЦКА е национална програма која обучува млади луѓе на возраст од 14-18 години, да изготвуваат проекти со кои помагаат на целни групи на кои им е потребна помош. Младите се дружат меѓу себе, подобро се запознаваат, ги откриваат и зајакнуваат своите способности, таленти и квалитети. Меѓусебно се поттикнуваат и поддржуваат. Се јакнее нивната самодоверба, стануваат потолерантни кон останатите, ги јакнат комуникациските вештини и работат тимски. Младите ја изразуваат својата креативност и ја користат во организирањето на активности преку кои обезбедуваат средства за остварување на нивната цел.
.jpg)
Мкнатата година во Охрид, 47 младинци кои беа дел од програмата ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ изработија 6 проекти во кои беа директно опфатени околу 50 луѓе и нивните семејства. Обезбедени беа апарати за домаќинство, обезбедени средства за лекување, средства за операција на очи, екскурзија, еколошко катче во градов и многу други мини проекти во проектите кои се реализираа.
.jpg)
