Во пожарот целосно изгореа два автомобили и едно делумно.
Ноќеска во 00.30 часот, во СВР Охрид добиено е телефонско известување за пожар во патнички автомобил на паркинг просторот кај поранешниот градски полигон во Охрид.
-На местото на настанот, веднаш излегоа полициски екипи од СВР Охрид и од територијалната противпожарна единица. Притоа, констатирано е дека, опожарени се три патнички моторни возила: „Опел Вектра“, „Цитроен Ксара“ и „Опел Мерива“, сите со охридски регистарски ознаки од кои, целосно оштетени се првите две а делумно, третиот патнички автомобил, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Димоски кажа дека утрово е извршен увид предводен од Јавен обвинител, пришто констатирано е дека причина за опожарувањето е неисправна инсталација на едно од возилата, по што, со пожарот биле зафатени и соседните паркирани патнички возила.
