Прекрасна репортажа за Охридското езеро објавена во травел магазинот „1843magazine.com“.
Под насловот „Балканското езеро шро ме влечи да се вратам повторно“ авторката поетесата Капка Касабова од Софија Бугарија, добитник на награда од Британската академија, сликовито ги опишува убавините на прекрасниот Охрид.
Својата репортажа која ја направила при посета на Охрид и Поградец Албанија ја започнува со посетата и описот на божествениот Канео.
-„Застанав на колена високо над Охридското езеро меѓу бродовите што се зацвртсени на плажата Канео. Водата е проѕирна и чамците изгледаат како да пловат во воздух. Со векови тоа било рибарска населба во стариот дел на Охрид, а Канео сѐ уште мириса на влажни рибарски мрежи.Единствениот звук се брановите на водата кои се одбиваат во една пештера во подножјето на белите карпи. Повеќе од 1.000 години монасите и монахињите живееле во природни пештери во порозни карпи“…..
Авторката раскажува дека нејзината баба била од овој регион и уште како дете доаѓала во посета на Охрид па така и се вљубила во градот и волшебното езеро.
Целата репортажа прочитајте ја тука
