Нов скратен број за СОС повици кон Планинската спасителна служба

Нов  скратен број за СОС повици кон Планинската Спасителна Служба, пракса која за прв пат се воспоставува во некој регион од државата, најавуваат од планинската служба. 

 

Во среда на  20 февруари на прес конференција ќе биде соопштен новиот СОС телефонски број. 

Воспоставувањето на посебниот скратен број за СОС повици во случај на планински несреќи, е дел од проектот “Регионот охридско езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам”, финансиран од Европската унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка, кој го спроведува Црвен крст Охрид.
На прес конференцијата ќе се обратат Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески, Претседателот на Црвен крст Охрид  Сашо Точков и Антонио Додевски Раководител на Планинската Спасителна Служба.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани