Охрид го доби првиот ЅОЅ скратен број за помош во планина. 13 – 112 е телефонскиот број на кој сите луѓе кои имаат пробем во планина ширум земјава ќе може да побараат помош.
-„Овој број може да се врти од сите мобилни оператоир без префикси. На тој начин брзо и лесно ќе се повика помош во случај на несреќа на планина. Морам да потенцирам овој телефонски број може да се врти од цела Македонија, но ние можност имаме да помагаме само во овојј регион. Во општините кои ги покриваме Охрид, Вевчани, Дебрца Стругаи Ресен,кои територијално можеме да ги покриеме во разумно време. Останаатите региони ние ке се обидеме да го упатиме до сотанатите наши колеги кои делуваат бидејки немаме физички можност да делуваме во другите региони “, подвлече Антонио Додески носител на проектот Регионот Охридско езеро безбедна дестинација за авантуристички туризам.
.jpg)
Воспоставувањето на вој телефонски број ќе допринесе за поголема безбедност на посетителите на планината. Безбедноста во движењето на планина е она кон кое сите се стремиме рече градоначалникот.
-„Со овој телефонски број е нов почеток за развој на планианрството како рекретивен спорт од една страна, и развојна планинскиот и рекреативниот туризам како стопанска гранка од друга страна. Охрид може високо да се позиционира на туристичката мапа доколку туристички пулсира во текот на цела година. И наша заложба е продолжување на туристичката сезона и зголемувањ на бројот на туристи кои перманенто би доаѓале во текот на целата година. Нашите стремежи се со низа содржини и повеќе проекти да развиваме авантуристички, здравствен, конфересн и други видови на туризам“, рече градоначалникот Константин Георгиески.
Ќе биде изработена и апликација за смарт телефоните преку која лесно ке се детектира локацијата на несреќата.
.jpg)
-„Понатаму во тек се и градежните работи за доофмување на Центарот за спасување на вода каде ке биде сместен тренинг центарот и оперативниот центар понатаму ке работиме на уште иновативни начини за брзо повикување на помош и лоцирање преку развивање на мобилна апликација за паметните телефони, каде преку посебен софтвер ке се дектираат локаците на местото на несреќата. Како прв чекор пред оваа сезона стартува користење на овој ЅОЅ тел број“, додаде Додески.
.jpg)
Посетителите во планина ќе може поезбедно да уживаат во прекрасните предели на Охрид и околината.
-Овој ЅОЅ телефонски број ќе допринесе да лугето кои се во планина да се чуствуваат многу побезбедни но и сите оние кои ги организираат тие планински тури да бидат усмерени ансочени од нашата Спасителна служба затоа што препораките на овој број ќе биде и доделување на совети за однесување во разни ситуации“, истакна Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.
Годинава нема ниту една интервенција во планина ,, но лани имало шест сериозни интервенции на спасување.
Соња Рилковска
