Празникот посветен на Светиот свештеномаченик Харалапмиј, ќе се одбележи со Света архиерејска Литургија.
Дебарско-кичевската епрхија ги известува своите православни верници дека во споменот на светиот свештеномаченик Харалапмиј, утре (сабота) во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, ќе се служи света архиерејска Литургија. На литургијата која ќе отпочне во 08 часот и 45 минути, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиски-Сиднејски, г. Тимотеј.
