Сто дена до „Ohrid running weekend“

100 дена не делат од најголемиот спортски викенд во Охрид „Ohrid running weekend“.

Уште точно 100 дена преостануваат до најголемиот спортски викенд во Охрид, кој ќе биде исполнет со многу забава, дружење и трчање.Спортската манифестација „Ohrid running weekend“ ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни, а се состоии од Атлетската манифестација Охрид трчаТ, подигнувањето на стартните пакети и ноќната трка која ќе означи почеток на богатиот викенд со спортски активности во Охрид.Најава на „Ohrid running weekend“ ќе бидат активностите на децата од школска и предшколска возраст. На 15 мај долж покрај Кејот Македонија ќе се одржи училишната трка, додека на 18 мај дечињата од предшколска возраст ќе го разубават и раздвижат градскиот плоштад.Организаторите имаат новитетии и изненадувања за учесниците на кои останува само да се пријават и да се забавуваат, трчаат и уживаат во Охрид.Пријавувањето за Охрид трчаТ е во тек и може да се направи на официјалната страна Ohridtrcat.mk.
Одбројувањето започна и се гледаме во Охрид, порачуваат организаторите.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани