Мицкоски во Охрид, на средба со пазарџиите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба со пазарџиите во градскиот пазар во Охрид.

Настанот ќе започне во 11 часот од пред кафе бар ,,Пијано”. Инаку Мицкоски од синоќа е во Охрид. Тој оствари средба со симпатизерите и членовите на партијата во штабот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

 

-„Штотуку остварив средба со граѓани во Охрид, градот на природните убавини, на словенската писменост, на богата и раскошна историја, но и градот каде силно се чуствува Заевизмот, кој пред се е неподнослива сиромаштија, криминал и корупција која расте и го јаде нашето општество, секој нејзин напреден елемент.

 

Владата е обезличена, со изгубен кредибилитет, видлива е нејзината неспособност и запрепастувачко незнаење.

 

Охрид е на маргините на внимание на власта, нема перспектива, нема нови инвестиции. Единствените странски компании се оние кои се пристигнати од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ. Сегашната власт стигна дотаму и да лажат за нивото на странските инвестиции. Она што го прикажуваат за рекордно ниво е всушност данокот на добивка на компаниите кои е прикажан поради данокот кој го зголемија на почетокот на годината. Реалните инвестиции се неколкукратно помали.

 

Нема напредок во општеството со капитални инвестиции од само 1 посто раст.

 

Луѓето не живеат подобро, Македонија не оди напред. Неправдата е главниот двигател, а страдаат недолжните, оние кои чекаат живот тој никако да дојде.

 

Охрид не заслужува да е на маргините, и треба да е во центарот на вниманието.

 

Затоа потребно е да ја победиме оваа неправда и да се избориме за честита Македонија“, објави на својот фејсбук рпофил синоќа Мицкоски.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани