Ова лето Кроација Ерлајнс планира нова авио линија Загреб Охрид.
Во Министерството за еконимија се одржа состанок на заменик-министерот за економија, Кире Наумов и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски со претставници на Кроација Ерлејнс. На средбата директорот Јаневски ги презентираше активностите и работата на АППТ и нејзините приоритети и цели за оваа година што се поврзани со развојот на туризмот, поточно со зголемувањето на бројот на туристи и бројот на ноќевања во нашата земја.
Од своја страна, претставниците на Кроација Ерлејнс го истакнаа зголемениот интерес на Хрватите за Македонија и дека нивната компанија планира повеќе летови на релацијата Загреб–Скопје и Сплит-Скопје, со можност, во текот на летниот период, да се воведе и директна линија Загреб-Охрид.
За подобра промоција на туристичките можности на Македонија и за привлекување поголем број хрватски туристи, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во мај ќе биде домаќин на 20-тина новински агенции и тур-оператори од Хрватска, кои ќе ги посетат Скопје и Охрид, а ќе бидат запознати и со други туристички можности и понуди, кои би биле интересни и привлечни за Хрватите.
Во таа насока ќе биде и посетата на директорот на #АППТ, Љупчо Јаневски на Загреб на 4 и 5 март, каде што, меѓу другите, ќе се сретне и со градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.
