Злоупотребени податоци од охридски туристички работник

Управител на „Балкан нет“ фалсификувал документи од туристички водич од Охрид.

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување или уништување деловни книги” и ,,злоупотреба на лични податоци“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Д.Ч.(30) од Прилеп и против правниот субјект „Балкан Нет“ Туроператор ДООЕЛ Скопје подружница Струга.
-На 24 јануари минатата година, пријавениот Д.Ч. како управител и во име на пријавеното правно лице, во деловен договор за давање услуги за туристичко водење и придружување, од туристички водич од Охрид, внесол невистинити податоци. Тоа го направил без согласност од туристичкиот водич, со неовластено користење на личните и службени податоци како и со фалсификување на личниот потпис, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид
Потоа, лажниот договор го пуштил во правен сообраќај како да е вистински, пријавувајќи се на тендер односно јавен оглас за организирање на меѓународна екскурзија, додаде Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани