Сеуште нема посакуван и потребен ред во сообраќајот.
Алармантни се податоците што произлегоа од сообраќајните контроли што сообраќајната полиција ги извршила минатиот месец во Охрид. Во текот на февруари, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, реализира повеќе акциски сообраќајни контроли.
-Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 2834 патнички и други моторни возила, од кои, констатирани се 26 технички неисправни и 86 нерегистрирани возила. 91 возачи управувале возило без возачка дозвола а 46 возачки дозволи се одземени поради присуство на алкохол, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Димоски додава дека полициските службеници, утврдиле и презеле мерки против 251 возачи кои на своите возила имале фолии за затемнување на стаклата. При акциските контроли, полициските службеници издале 755 мандатни платни налози и 330 прекршочни налози, нагласи портпаролот.

