Државниот инспектор за природа, Хасан Рустеми, вчера изврши увид во состојбата на охридскиот чинар, по малото оштетување на горните гранки од стеблото, кое настана заради градежни активности.
Рустеми беше запознат со повторениот јавен оглас за санација и ревитализација на чинарот, што одделението за заштита и влијание на животната средина го распиша вчера.

Потсетуваме дека со годишната програма на одделението за заштита и влијание на животната средина, предвидени се средства за целосна санација и ревитализација на чинарот, со која на најсоодветен начин ќе биде заштитен еден од најпрепознатливите симболи на Охрид.
