Од први април на терен излегуваат комунални инспектори, кои со високи парични казни ќе ги казнуваат сопствениците, кои немаат вградено чип на својот миленик.
Од први септември лани започна кампањата за бесплатно микро чипирање на домашните миленици во Република Македонија.
Чипот кој се вградува содржи бројче и преку него се обезбедуваат основните податоци на миленикот со што се овозможува негово следење. Ова помага во случај на губење со што кучето може да се лоцира, да се пронајде и да му се врати на сопственикот. Оваа кампања на бесплатно чипирање завршува во април. За да се вгради чипот потребно е миленикот да прима вакцина од 600 денари која е задолжителна и да се извади пасос од 120 денари.
Очекувањата од оваа акција е значително намалување на бројот на бездомните кучиња и мачки бидејќи при евиденција на животното, комуналниот инспекторат ќе има право да му го врати на неодговорниот сопственик.
Микрочипот содржи бројче и преку него практично се обезбедуваат основните податоци на миленикот што овозможува негово следење. Ако случајно се изгуби, неговиот сопственик може веднаш да се лоцира, да се пронајде и да му се врати. Исто така, ветеринарната струка на овој начин, ќе знае колку животни има и кој е сопственикот.
