Општата болница Охрид, минатата година реализираше 45 нови вработувања.
Наташа, Билјана, Јулијана и Ивана се дел од нововработените, кои својата кариера и професионална надградба ќе ги продолжат токму тука, во оваа болница.

-„Тие велат дека се задоволни од условите за работа, колегијалноста на тимот на лекари со кои соработуваат и за нив претставува предизвик секојдневното пружање здравствени услуги за нивните сограѓани“, објави министерот Филипче.
Месец март е посветен на жените како дел од медицинскиот кадар, кој секојдневно дава придонес за подобрување на здравјето на сите граѓани.
