29 годишен охриѓанка лажно се претставувал на социјалните мрежи.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.В.(29) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци“.
Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид, вели дека во периодот од октомври 2018 до 12-ти февруари оваа година, пријавената на социјалните мрежи „Facebook“ и „Instagram“, креирала профили со лични податоци од С.Д. од Охрид. Тоа го правела без претходна согласност од него, по што од тие профили комуницирала со негови пријатели и роднини.

