Вахид Мемед се повлече од претседател на охридскиот огранок на ПОЕН

Претседателот на партијата  ПОЕН Охрид си пдонесе неотповиклива оставка.

Вахид Мемед синоќа на својот фејсбук профил обзнани:

-„Ве информирам дека денес до партијата ПОЕН поднесов неотповиклива оставка од функцијата претседател на ОО ПОЕН Охрид како и од сите други функции ,мојот силен ангажман и на мојот тим допринесе многу за развојот на партијата ,вклучително и за пререгистрацијата и станувањето на парламентарна партија.ПОЕН Охрид беше бастион на партијата ,со добар тим и собрание со над 80 делегати.
Останувам да бидам дел од граѓаните а надвор од политичката партија и членство во ПОЕН,на раководството му посакувам успех во иднина.
На мојот тим ,на раководството,членовите и на симпатизерите ви благодарам од срце за допринесот и што бевте до мене и во убави и во лоши моменти“. 

Незадоволството   од досегашните резултати на партијата , е  една од причините за оставката,  дознава Охриднет.

Мемед е познат младински работник во јавноста по бројните проекти за мултуетничка и културна интеграција, кои скоро една деценија ги спроведува прегу Здружението на граѓани „Инклузија“. Тој беше претседател на општинскиот огранок на политичката партија Поен од самото основање. 

Ова е неговата оставка поднесена вчера: 

Политичката партија ПОЕН (Партија за општествен и економски напредок) денес има и свој претставик во парламентот , пратеникот Рубин Земон. Мемед беше еден од неговите најблиски сработници, како сопартиец и сограѓанин. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани