Георгиески одговори на обвинувањата од Антикорупциска, дека е еден од градоначалниците кои не поднеле анкетни листови за имотната состојба и изјави за судир на интереси до Антикорупциска.
-„Чувствувам морална обврска да одговорам по однос на на информацијата за поднесена пријава до мене од страна на ДКСК.
1.Пријава за имотна состојба доставив до ДКСК по изборот за Советник веднаш по верификација на мандатот во Советот на општина Охрид во 2017 год.
2.Пријавата од ДКСК е поради тоа што не сум доставил повторно пријава одкако бев назначен за в.д Градоначалник .
Бидејќи после изборот за в.д. Градоначалник според Законот за локална самоуправа, моето советничко место остана празно и не потполнато ,едноставно не бев информиран од потребата за повторно поднесување на истата, ниту пак било која соодветна институција побарала или укажала на таква потреба.
3.Секако ,во најкус можен рок ќе поднесам нова пријава за имотна состојба која е без значајни промени во однос на претходно доставената ,а за пропустот ќе ја платам законски предвидената глоба“, појаснува Константин Георгиески.
