Книгата „Гравири – 40 години подоцна“ ќе биде промовирана во градската библиотека.
Денеска, во 18 часот, во градската библиотека „Григор Прличев“ во Охрид свечено ќе биде промовирано делото на охридскиот автор Славе Ѓорѓо Димоски- „Гравири – 40 години подоцна“.
Промотор на книгата ќе биде проф. д-р. Димитар Пандев а стихови ќе читаат Марина Димовска и Јован Цветкоски. Денешната промоција ќе биде збогатена и со изложба на досегашниот негов творечки опус односно на сите изданија книги од Славе Ѓорѓо Димоски.

