Повеќе од една деценија здружението „Мобилност“ чека плажа за телесни инвалиди.
Не се потребни стотици илјади евра за да се адаптира плажа на брегот на Охридското езеро за лицата со телесна попреченост, по теркот на високоразвиените земји. Избрана е и локација, во близина на градот, веднаш после подвижниот мост кај каналот Студенчишта.
Изработен е и проект останува надежта дека надлежните министерства и локалната самоуправа конечно ќе го прифатат и реализираат.
-„Ние имаме проект за пристапност и достапност на плажите за инвалидизирани лица. Токму во тој проект имаме предвидено и место каде да биде таа плажа за инавлиди и не само на охридксите инвалиди тука се работи за инвалидите од Макеоднија бидејки ние во Охрид имаме 13 апартмани како мобилност каде низ тие апартмани во лето престојуваат некаде преку 600 инвалидизирани лица со придружници. Да се изработи таа плажа не значи дека би бил голем издаток“, вели Венко Голабоски претседател на здружение „Мобилност“ .
Специјалната адаптирана плажа за инвалидизирани лица ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи и од странство.
-„Тука се работи за понудата на нашиот туристички Охрид за инвалидите од целиот свет. Каде на мапата на светската мапа на понудата на охридските плажи би постоело дека има и таква плажа адаптибилна пристапна и достапна за телесните инвалиди и сулугите околу таа плажа. Човек од секаде од Шведска од Америка, Австарлија би дошол и би летувал без страв дека ке наме можност да ги користи плажите и Охридското езеро. Тоа би било поголем комплеск каде инвалидот би ја добил комплетната туристичка понуда“, додава Голабоски.
Инвалиди секојдневно се соочуваат со безброј бариери. Нема пристапни рампи по охридските улици, ниту во институциите.
– „Ние не сме прифатени како инвалиди од околината од луѓето околу нас. И другиот проблем е што до ден денес се градат објекти или на ново градат пак без некои стандарди за пристапноста или достапноста за инвалидите во сисол на спуштени тротоари, на рампи за пристап на гелендери каде инвалидите ке може да додјат до некоја институција“, додава Голабоски.
На плажата треба да бидат поставени специјални гелендери за кои инвалидизираното лице ќе може да се држи при влегувањето во вода. Треба да има и други помагала , меѓу кои задолжително санитарен чвор за инвалиди, соблекувални и лежалки покриени со платно. Добрите познавачи велат не е голема инвестиција, а ќе ја збогати туристичката понуда на градот Охрид.
Новинар Соња Рилковска
