Охрид, ќе биде во центарот на претстојната изборна кампања.
Охрид, според навестувањата, ќе биде во центарот на претстојната изборна кампања за претседател на државата, што е очекувано со оглед на поклопувањето со вонредните избори за градоначалник на оваа општина, која важи за една од најатрактивните во државата, а во минатото таму се бележеа чести осцилации во политичкото расположение на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, традиционално, и за претстојните избори го избра Охрид како стартна позиција за кампањата, која почнува на 1 април. СДСМ, пак, планира таму да го одржи завршниот митинг пред првиот изборен круг, односно на 18 април, пред почетокот на изборниот молк.
