Охриѓанец во својот дом чувал амфетамини и оружје.
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(23) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против М.С.(20) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
-На 22.02.2018 во Охрид полициски службеници извршиле преглед над Д.Н. од Охрид, при што пронашле и одзеле амфетамини, кои претходно ги набавил од второпријавениот. Потоа, полициски службеници извршиле претрес во домот на провопријавениот, при што биле пронајдени и одземени амфетамини, револвер ,,Тac Fhoenix” калибар 8 мм, девет куршуми калибар 7,62х39 мм и куршум калибар 7,62х25 мм, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
