ПХВ младинците денес од 11:00 часот се организира рекреативно возење велосипеди, на кое се очекува учество да земат околу 100 учесници.
ПХВ младинците во нова спортско-хуманитарна активност Црвен крст Охрид ќе ја реализира на 23.03.2019 г. (сабота) со почеток во 11 ч., кога се очекува околу 100 учесници рекреативно да возат велосипеди со старт од Центарот за култура „Григор Прличев“, по Кеј Македонија, пешачката патека, до паркингот кај Горица 3 и назад, после што на градскиот плоштад ќе се одржат хуманитарни музички перформанси на младите на Црвен крст Охрид.
Програмата „Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција“ (ПХВ-ЦКА), охридскиот Црвен крст ја спроведува од февруари до мај 2019 година. Младите организирани во ПХВ тимови реализираат најразлични хуманитарни активности насочени кон прибирање на средства за помош на ранливи категории на граѓани од Охрид и Дебрца.
