СВР Охрид трага по „луѓето“ што откопале гроб во селото Вапила.
Според соопштението на охридската полиција, вчера утро, во 08.00 часот во СВР Охрид добиено е телефонско известување за осквернавен гроб од кругот на црквата „Света Недела“ во охридското село Вапила.Настанот е случен на 21/22.03.2019 година од засега непознато лице.
-СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот по што, ќе поднесе соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на охридската полиција.
Инаку, синоќа Охриднет, од жител на Вапила објави дека непознати сторители го откапале и осквернавиле гробот на одамна починато лице. Во синоќешната информација објавивме:Морбидната случка синоќа го потресе село Вапила. Непознати вандали од непознати причини го откопале гробот во кој биле погребани две лица. Го извадиле едниот ковчег со мртовец за да го искршат вториот лимен ковчег со друг мртовец, раскажуваат жители на село Вапила за Охриднет.
-„Тоа беше стар гроб се зборува дека го опљачкале. Во лимениот ковчег беше погребан жител кој починал во странство а потоа мртов донесен во родното село’, раскажуваат жители кои сакаат да останат анонимни.Што имало во ковчегот покрај мртвото тело и што барале вандалите не е познато.
