Труење на кучиња во охридски Варош

 

Активистите од здруженијата за заштита на животните синоќа алармираа дека има неколку затруени кучиња во охридската населба Варош.

 

Среќа  е што двете затруени бездомни кучиња биле спасени од страна на ветеринар, информира Климент Арнаудов активист од Охрид.

-„Теренот на потег Горна Порта – Антички театар – св. Софија – Самоилова тврдина го избаравме и не наидовме на отров. Но наидовме на доста лушпи од виршли. Повеќе од убедени сме дека во нив е подметнат отровот, но најверојатно се работи за некој послаб штом успеаа и двете затруени кутренца да се спасат. Наидовме и на неколкумина загрижени сопственици на миленици кои исто така пребаруваа во ниедно време. Кое ужасие од земја сме тоа чудо невидено. Битно на ветеринарните и комунални инспектори работата им ја вршиме, они викендашки или в некое меанче локаат ракии или си дремат во комфорната зона на својот дом и платичка си лапкаат од нам граѓаните“, пишува Арнаудов на фејсбук. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани