Денеска ќе се знае редоследот на кандидатите за нов градоначалник на Охрид.
Денеска во ДИК, ќе се одржи ждрепката за утврдување на редоследот на кандидатите за нов градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село.За престижната прва функција и прв човек на Охрид, официјално, поднесени се пет кандидатури – на д-р Константин Георгиески од СДСМ, д-р Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ, Михаил Трендафилов-Нанче од ГДУ, Стевче Стевоски од партијата Демократи и Џемал Мена, како кандидат на Движењето БЕСА.Во општините Дебар и Ново Село има по двајца кандидати за градоначалник.
Вонредните локални избори во трите општини ќе се одржат заедно со претседателските, на 21-ви април.
