Небезбеден, тесен со кривини и огромни дупки и свлечишта. Вака со години изгледа меѓународниот пат кој од Охрид води до Свети Наум и границата со соседна Албанија.
Најкритична е состојбата после Лагадин до граничниот премин.
Патот е премногу фрекфрентен, илјадници возила минуваат преку целата година, а најмногу во текот на летниот период.
Надлежните со години немаат слух за санација и реконструкција на овој патен правец, кој го поврзува главниот туристички центар со најпосетените летувалишта и плажи, се жалат граѓаните.
Проектот за изградба на експресен пат од пред неколку години над постоечкиот во склоп на Галичица пропадна поради забраната од Унеско.
-,25 05 „Тој пат што се предвидуваше горе иако населението беше излажано дека со тој пат ке се развива туризам НЕ. Тој пат ќе се градеше само за ски центарот , кој што за жал е голема глупост. 25 50 И едниот и другиот беа страшно негативни проекти. Патот поминуваше низ заштитени зони од строго заштитена зона каде едноставно е забрането со закон човек да влезе без придружба на лице од национален парк а не пат да се направи.“ вели Трајче Талески активист од Охрид ЅОЅ во емисијата Прашалник на ТВМ ТВ.
Не само што е потребен нов асфалт потребно е и проширување на патот. Од министерството за транспорт и врски велат дека ќе се работи нов проект согласно стандардите на Унеско и заштитата на животната средина.
– „Делот од Охрид до Свети Наум знаете заради проблемите со Унеско има посебно проектирање, посебни елаборати се прават за животна средина и заради тоа ви кажав дека оваа година ќе се проектира со одобрение и под надзор на експертите од Унеско за да може следната година да го стартуваме и да го реконструираме“ , вели вели Зоран Китанов Директор на ЈП за Државни патишта.
Овој патен правец е изграден пред повеќе од пет децении и од тогаш до денес не е направена ниту една поголема санација. Во екот на главната туристичка сезона за да се помине триесет километарската траса покрај брегот на Охридското езеро потреби се и по неколку часа. Минатата година се изврши рехабилитација на патниот правец само од Охрид до населбата Коњско.
Новинар Соња Рилковска
