Од викотници ноќеска ечела улица во Охрид

30 годишна охриѓанка, ноќеска го нападнала домот на 23 годишно момче.

Ноќеска околу 00.45 часот во СВР Охрид пријавено е дека А.В.(30) од Охрид го нарушила јавниот ред и мир со викање, непристојно однесување и фрлање предмети кон домот на С.Д. (23) лоциран на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид. А.В. е повикана на разговор во полициската станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани